За откупувачите и преработувачите нови 11 милиони евра

Bez autora
Jun 06 2012

Владата за претпријатијата кои откупуваат, преработуваат и извезуваат земјоделски производи обезбеди 10,7 милиони евра нови средства. Ова на средбата со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и претставници од фирмите од земјоделскиот сектор им го изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Оваа мерка се вклопува во системските напори на Владата за поддршка на земјоделството почнувајќи од големиот износ на субвенции кои во овие пет години достигнаа 500 милиони евра, преку решавање на проблемот на земјиштето, преку подигнување на стандардите за квалитет и сега во делот на сезонските осцилации и проблемот со кои се среќаваат фирмите кои откупуваат земјоделски производи или ги преработуваат и извезуваат.

За откупувачите и преработувачите нови 11 милиони евраВладата за претпријатијата кои откупуваат, преработуваат и извезуваат земјоделски производи обезбеди 10,7 милиони евра нови средства.

Ова на средбата со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и претставници од фирмите од земјоделскиот сектор им го изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

- Оваа мерка се вклопува во системските напори на Владата за поддршка на земјоделството почнувајќи од големиот износ на субвенции кои во овие пет години достигнаа 500 милиони евра, преку решавање на проблемот на земјиштето, преку подигнување на стандардите за квалитет и сега во делот на сезонските осцилации и проблемот со кои се среќаваат фирмите кои откупуваат земјоделски производи или ги преработуваат и извезуваат. Владата со оваа нова мерка обезбедува средства по исклучително поволни услови какви што немало во последните 20 години - рече Ставрески.

Тој додаде дека само со 3% камата за фирмите што го вршат откупот или преработуваат и извезуваат производите ќе им се помогне на фирмите да ги надминат ликвидносниот проблем од моментот на откуп до моментот на пласман и наплата на побарувањето, а истовремено ќе им се помогне и на земјоделците бидејќи на ваков начин ќе имаат поголема сигурност дека ќе бидат исплатени од страна на фирмите.

Средствата ќе се пласираат директно преку Македонската банка за поддршка на развојот, за да бидат побрзо достапни и со пониска цена до фирмите. Каматата е 3 проценти. Максималниот износ ќе биде 300.000 евра, но на барање од откупувачите, Владата ќе ја разгледа можноста да се зголеми износот до 500.000 евра при откуп на некои стратешки производи како пченица, грозје и друг зеленчук.

Земјоделците изразија задоволство од прифатените мерки и условите кои се нудат. Средствата ќе бидат достапни од почетокот на јули, а до нив ќе стигнат побрзо и со пониски трошоци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik